Берово победник на конкурсот за НајЕко општина

- Advertisement -

Желбата за почиста и поздрава животна средина започнува од поединецот, но се рефлектира на целата заедница и ја отсликува колективната еколошка одговорност. Како вистински пример за една одговорна заедница, Општина Берово постави висок стандард за останатите, освојувајќи ја првата награда на конкурсот за НајЕко општина на Пакомак и Шпаркасе Банка.

Високото ниво на општествено-еколошка свест на ниво на целата општина го направи Берово еден од најчистите градови во земјата, што беше потврдено со добивањето на наградата за НајЕко општина. Одговорните и вредни луѓе од Општина Берово, на чело со градоначалникот Звонко Пекевски, направија најмногу во изминатата година за да ги исполнат строгите критериуми на Пакомак и да го освојат првото место на конкурсот.

- Advertisement -

Според официјалните критериуми кои влијаеа на конечниот избор, комисијата ги оценуваше општините според бројот и квалитетот на еко проектите во текот на изминатата година, буџет за екологија по жител и зеленило, како и соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад на ниво на општина. Најдобрите резултати беа забележани кај следните општини:

Прво место – Општина Берово

- Advertisement -

Второ место – Општина Кавадарци

Трето место – Општина Велес

- Advertisement -

Како победничка општина, Берово забележа најдобри резултати во трите категории според кое жири-комисијата го вреднуваше еколошкиот придонес на секоја од општините. Општина Берово најмногу се истакна во категоријата Буџет за екологија по жител и зеленило, каде ги доби максималниот број бодови, а вредни за напомнување се и реализираните проекти за енергетска ефикасност на општинските објекти, акциите за чистење на Беровското езеро и кампањите за јакнење на еколошката свест кај населението.

Живеењето во чиста и здрава животна средина е награда доволна сама по себе, бидејќи тоа има непроценлива важност во колективното ниво на среќа и задоволство. Сепак, Пакомак и Шпаркасе Банка решија да обезбедат дополнителни награди и донации за општините кои најмногу се истакнаа во изминатата година.

Трите општини со најдобар резултат според мислењето на комисијата ќе бидат наградени за својата посветеност кон чиста, здрава и одржлива околина, а наградите ќе им бидат доделени во текот на месец октомври. Наградите и донациите се обезбедени од страна на Пакомак и Шпаркасе банка, со цел да бидат од корист на сите луѓе од заедницата, но и за да го поттикнат активното учество во борбата за почиста околина.

Сподели!
- Advertisement -