Научници создадоа ултрафлексибилен екран за телефони

- Advertisement -

Пукањето на екранот веројатно повеќе нема да биде проблем за никого затоа што научници направија ултрафлексибилен дисплеј од сребро и графен. Научници од Универзитетот Сасекс открија дека е можно да се комбинира графенот, кој е направен од еден слој јаглеродни атоми, со сребрени наножици за да се направи дисплеј ко изгледа обично, а всушност е многу отпорен. Освен тоа, овој материјал е толку флексибилен што значи дека за паметните телефони нема да треба заштитно стакло бидејќи горниот слој од дисплејот ќе биде направен од материјал кој лесно се свиткува и не се крши.

„Денешните дисплеи се направени од индиум-калај оксид, односно е составен од индиум, калај и кислород во различни размери. Тој материјал е толку кревок што мора да се нанесе на тврда стаклена површина. Слојот ќе испука доколку го испуштите телефонот на тврда површина или ако седнете на него. Поради нашиот изум повеќе нема да биде потребна тврдата стаклена површина затоа што нашите превалки од сребрени наножици и графен се многу флексибилни. Благодарение на нив многу е мала веројатноста екранот да пукне доколку ви падне телефонот“ вели Метју Ларџ, главниот истражувач на проектот.

- Advertisement -

Иако среброто е многу редок метал, во комбинација со графен е потребна мала количина за премачкување. Графитот, материјалот од кој се прави графен, го има во големи количини, што значи дека и трошоците за изработка на дисплеи ќе бидат значително помали.

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -