Швајцарски град знае како да привлече туристи – на сите им дава околу 100 евра подарок

- Advertisement -

Ако посетителите на швајцарскиот град Женева сакаат да резервираат најмалку две ноќи во некој хотел во градот, автоматски ќе добијат на податок картичка со 100 евракоја може да се користи за купување храна, пијалаци или за истражување на градот.

Ваучерите се викаат „Женевска подарок картичка“, вредат 93 евра и може да се потрошат на разни места во градот, вклучувајќи повеќе од 60 хотели, 15 излетнички места и околу 80 ресторани, покажуваат податоците од градското туристичко биро.

- Advertisement -

Меѓу местата во Женева каде што може да се искористат ваучерите има и ресторани со Мишелин ѕвезди, а може дури и дасе плати тура по локалните производители на чоколада, по кои Швајцарија е позната во светот.

Посетителите добиваат една подарок картичка во хотелската соба, а може да се подигнат при пријавувањето во хотел. Подарок картичките може да се користат до 31 декември годинава.

- Advertisement -

Многу земји и градови сакаат да ги привлечат туристите со слични акции. На пример, Сицилија нуди да плати половина од трошоците за летот и една третина од трошоците з а хотелско сместување за сите туристи кои планираат да ја посетат подоцна во текот на годината.

Хотеслките здруженија во популарните туристички региони од Мекиско, како што е Канкин и Ривиера Маја, стартуваа кампања за реактивација на дестинациите. Кампањата вклучува акции како бесплатми хотелски ноќевања за секои две ноќи кои си ги плаќаат гостите, како и 20% попуст за влезници во тематски паркови, голф терени и бањи.

- Advertisement -

(Bilife, Tek Deeps)

Сподели!
- Advertisement -