Гувернерот на Мичиген, Гречен Витмер, ги најави плановите за премостување на пропустите и присапот до транзит и транспорт во југоисточниот дел на Мичиген така што ќе направат коридор за конектирани и автономни возила.
Визијата на коридорот кој ќе го поврзува Детроит со Ен Арбор ќе има ленти кои имаат за цел да го забрзаат и да помогнат целосно да се оствари потенцијалот на безпилотните и конектирани возила.
По коридорот ќе може да се движат различни видови конектирани и автономни возила, традиционални транзитни возила, возила кои се споделуваат и товарни и приватни возила. Коридорот ќе поврзува клучни дестинации и по него ќе има десетина зони Opportunity Zones, каде што ќе се поврзуваат индивидуалци, мали бизниси и заедници.
Државата ја избра компанијата Cavnue, подружница на Sidewalk Infrastructure Partners, за главен изведувач на коридорот. Cavnue планира да соработува со локални партнери на планирањето, дизајнот и развојот на најсофистицираниот автопат во светот. Cavnue има намера да го почне проектот со конектирани автобуси и споделени возила, како комбиња и шатлови, пред да го прошири на други типови автоматизирани и конектирани возила, како што се товарни и персонални возила.
Се очекува дека првата фаза од проектот ќе трае 2 години и ќе вклучува физибилити студија. Анализата ќе се фокусира на тестирање на технологијата, дизајнот на автопатот и истражување други финансиски модели со цел да се утврди дали проектот е изводлив од технолошки и бизнис аспект.
(The Trucker)
(фото: Youtube screenshot)