Нација по нација, целиот континент Европа се префрла на зелена енергија. Последната земја која ја докажа својата посветеност на тоа е Италија. Италијанскиот министер за индустрија најави дека до 2025 година земјата планира да ги затвори фабриките кои работат на јаглен. Освен тоа, Италија планира да ја достигне целта 27% од вкупната енергија што се користи во земјата да биде од обновливи извори до 2030 година.
За разлика од другите земји во Европа, Италија забрзано го развива својот сектор за енергија од обновливи извори. На пример, во 2015 година дури 38% од вкупната енергија произведена таму беше од обновливи извори. Хидроелектричната енергија и понатаму е најголем контрибутор со 15,5%, а соларната и енергијата од ветрот достигнуваат по околу 13%. Во земјата нема нуклеарни централи откако се забранети со референдум во 1987 година.
Иако ваквиот развој е препорачлив за одржлива иднина, се уште нема официјална потврда. Стратегијата треба да добие владина и парламентарна поддршка на почетокот на ноември. Доколку биде усвоена, мерката ќе го забрза воведувањето возила на алтернативни горива и зголемување на бројот на станици за полнење електрични автомобили на 19.000 до 2020 година.
(Inhabitat)