Британска студија откри кои се најчестите симптоми на КОВИД-19 кај децата

- Advertisement -

Нова британска студија откри кои се најчестите симптоми на КОВИД-19 кај децата. Со оглед на тоа дека некои од учениците се враќаат на училиште, на родителите би им биле корисни овие информации.

Имено, Медицинската школа на Универзитетот Кардиф и Вејл во Велика
Британија ја спроведуваат студијата Rapid-19, која трае уште од мај годинава, а со цел да се процени колку од британските деца досега биле заразени со корона вирусот, да се откријат асимптоматските инфекции и дали тие деца имаат антитела кои можат да ја спречат заразата.

- Advertisement -

Британските научници за потребите на студијата мереле различни нивоа на КОВИД-19 антитела кај децата, а досега тие антитела биле измерени кај над 1.000 деца во Велика Британија. 7% од децата биле позитивни на тие антитела после првиот бран од пандемијата, што е индикатор за претходна зараза со корона вирусот. Повеќе од половина од заразените деца немале никакви симптоми на болеста.

Сепак, студијата открила дека гастроинтестиналните симптоми како дијареја и повраќање се најчести кај децата кои покажувале симптоми. Тие симптоми биле почести од кашлањето или промената на осетот за вкус и мирис. Научниците откриле дека нема разлика во показателите за инфекција кај децата под или над 10 години возраст. Исто така, откриено е дека асимптоматските деца развиваат исти антитела против новиот корона вирус како и децата со симптоми.

- Advertisement -

„Благодарение на оваа студија сега подобро ја разбираме распространетоста на корона вирусот кај децата после првиот бран од пандемијата и знаеме дека иако најголем дел од заразените деца не покажуваат симптоми, дијарејата и повраќањето може да се знак дека ја имаат таа болест. Сега мора да ги доразвиеме критериумите за тестирање на децата за да ги вклучиме тие симптоми“ вели Зои Морисон, специјалист за педијатриски истражувања.

Тимот кој ја направил студијата сака собраните примероци да ги следи за да го види однесувањето на антителата на КОВИД-19 на подолг рок кај децата за да се види дали има намалување на нивниот број и дали тие деца можат да го изгубат имунитетот на заразата после извесен период.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, Wales247)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -