[Видео] Јапонска компанија успешно демонстрираше тест возење со летечки автомобил

- Advertisement -

Јапонската компанија „Скај драјв“ на 25 август демонстрираше тест возење со летечки автомобил, а се работи за првата ваква демонстрација на овој вид возила во јапонската историја, пренесува хрватски „Индекс“.

Пилотот полетал со автомобилот „СД-03“ и кружел на теренот околу четири минути.

- Advertisement -

„Сакаме да создадеме општество во кое летечките автомобили се достапно и прифатливо превозно средство, каде луѓето можат да доживеат безбеден и удобен нов начин на живот“, рече директорот на компанијата Томохиро Фукузава.

Моделот „СД-03“ е најмалото електрично возило за полетување и слетување на светот и зафаќа простор од околу два паркирани автомобили, соопштија од компанијата. Има осум мотори кои обезбедуваат „безбедност при итни случаи“.

- Advertisement -

Компанијата се надева дека летечки автомобли наскоро ќе станат составен дел од нормалниот живот, а во иднина планираат да направат повеќе тест возења во различни услови, како би се осигурало дека безбедноста и технологијата на возилото ги исполнуваат индустриските стандарди. Летечкиот автомобил ќе го понуди на пазарот во 2023 година, но нема информација за тоа колкава би била цената за возилото.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -