Австралиски научници докажаа дека отровот од пчелите го уништува ракот на дојка

- Advertisement -

Во рамките на една студија која во соработка со Институтот за медицински истражувања „Хари Перкинс“ и Универзитетот на Западна Австралија користен е отров од 312 медоносни пчели и бумбари за да се истражат неговите антиканцерогени својства на клиничките подтипови на ракот на дојка, меѓу кои и трикратно негативен рак на дојка (TNBC), кај кој има ограничени можности за лекување.

Членовите на австралискиот тим, кој го предводела младата д-р Клара Дафи, откриле дека отровот и неговата главна компонента мелитин не само што брзо предизвикуваат смрт на трикратно негативниот карцином на дојка и на HER2 клетките на ракот на дојка, туку тоа успеале да го постигнат во концентрации кои не им наштетиле на нормалните клетки.

- Advertisement -

TNBC е редок облик на рак на дојка и застапен е со само 10%-15%. Тоа е вид на рак на дојка во кој на површината на туморските клетки не се присутни естрогенски и прогестероснки рецептори, ниту е прекумерно изразен НER2 протеинот. Затоа механизмите кои го поттикнуваат растот и размножувањето на тој вид на рак главно се непознати и поради тоа тој вид на рак исклучително тешко се лекува. Моментално нема клинички ефикасни третмани за TNBC, можностите за лечење се ограничени, а прогнозите честопати се лоши.

„Утврдивме дека пчелиниот отров е многу моќен. Откривме дека мелитинот успева целосно да ги уништи мембраните на клетките на ракот во рок од 60 минути“ напиша д-р Дафи во објава на веб страницата на Институтот.

- Advertisement -

Истовремено мелитинот има уште еден извонреден ефект – за само 20 минути знчаително ги намалува хемиските пораки на клетките на ракот, кои се клучни за раст и размножување на клетките.

Австралискиот научник проф. Петер Клинкен коментира дека оваа студија укажува на тоа дека мелитинот успеа да ги попречи сигналните патишта во клетките на дојките и на тој начин спречува размножување на клетките.

- Advertisement -

Во рамките на истражувањето е тестирано и дали мелитинот може да се користи во комбинација со постојните хемотераписки лекови за третирање многу агресивни видови карцином на дојка.

Д-р Дафи појаснува дека таа и нејзините колеги откриле дека мелитинот создава дупки на мембраните на клетките на карциномот на дојка, што потенцијално овозможува влегување на останатите третмани во клетките на ракот за што поефикасно да влијаат на нивната смрт. Резултатите од студијата се објавени во списанието Nature Precision Oncology.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -