Burger King го објави изгледот на своите нови ресторани дизајнирани за пост-корона светот

- Advertisement -

Иако Burger King важи за бренд препознатлив по своите хумористични кампањи, пандемијата на корона вирусот ја сфати доста сериозно и активно работи на адаптација на својот бизнис кон „новата реалност.“ Во таа насока е и новиот дизајн на ресторани наменети за пост-корона светот, кој компанијата го објави деновиве.

Според двете објавени видеа, новите ресторани на Burger King ќе имаа многу поголем простор за паркинг и маневар на моторни возила, како и пултови за нарачка на поголемо растојание. Планирани се и посебни „шкафчиња“ од надворешната страна на објектите за подигнување на нарачки направени преку мобилната апликација на брендот, без да има потреба за било каков директен контакт со вработените во ресторанот.

- Advertisement -

Внатрешноста на рестораните ќи има скоро 60% помал трпезариски простор за гости кои сакаат да јадат внатре. Ова скратување на трпезарискиот простор ќе биде пренаменето за зголмување на самата кујна, со цел поголема комотност и подобра ефективност во движењето и работењето на персоналот.

Бургер Кинг планира да започне да ги гради новите ресторани веќе во 2021 година, стартувајќи со Латинска Америка, Карипскиот регион и градот Мајами во САД.

- Advertisement -

Извор – www.marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -