Воведете систем на ментори за забрзан развој на вработените во вашата фирма

- Advertisement -

Можеби најдобриот почеток на размислувањето за идејата да се воведе систем на менторство во вашата компанија е да се сетите на некој кој ви помогнал да ги постигнете вашите цели, без разлика дали тие се лични или професионални. Всушност, сетете се конкретно како таа личност ви помогнала.

Мора да знаете колку може да биде тешко остварувањето на целите без таква помош и поддршка, како и колку може да биде спор развојот на една индивидуа доколку нема кој да ја насочи. Иста е ситуација и со секој од вашите вработени. Особено важно е токму вие да имате директен интерес секој од вработените подобро и полесно да се развива што ќе ги направи покомпетентни во иднина.

Што точно претставува менторството и зошто е важно?

- Advertisement -

Менторство е процес во кој вработените кои имаат повеќе искуство и знаење од останатите, им помагаат на колегите кои се помалку искусни и имаат скромни познавања (побрзо) да учат одредени работи и да развијат посебни вештини, а со тоа им овозможуваат брзо да се развиваат и да напредуваат.

Менторството може да биде формално и неформално. Формално доколку точно сте го дефинирале и сте го воспоставиле системот, додека пак неформално е континуирана активност помеѓу поискусните и неискусните вработени во текот на целата кариера. Можете исто така да креирате и менторска програма за која вработените ќе можат да аплицираат, па да направите избор и да ги групирате.

- Advertisement -

Важно за формалното менторство е да се спроведе плански и континуирано, со строго дефинирани цели и најчесто со определен рок, додека неформалното менторство постои речиси во секоја компанија која работи во тимови.

Кога да воспоставите систем на формално менторство?

- Advertisement -

Кога сакате вработените или новите вработени да го подигнат нивото на квалитет на нивната работа побрзо или да го забрзаат работниот процес. Постојат ситуации во кои сакате да унапредите вработен на повисока позиција, па ова е совршен момент да му назначите ментор. Дефинирајте ги сите области и теми кои менторот треба да ги имплементира со својот „партнер“ и дефинирајте временски рамки за кои менторот ќе ве информира за напредокот. Многу е важно однапред да се дефинира метриката и да се мери напредокот. За да ги максимизирате резултатите од менторската работа, потрудете се да го направите најдобриот спој од ментор и менторски работник со цел да постигнете најголеми ефекти.

Зошто да воведете систем на менторство и кој има најголема придобивка?

Вашата компанија! Менторството треба да го сфатете како дел од корпоративната култура. Користете сопствени ресурси наместо да ангажирате надворешни соработници со тоа што ќе ги поврзете експертите во компанија со другите вработени на кои им е потребна помош во развојот. Трансферот на знаење и вештини е побрз кога доаѓа од професионалци кои се долго време во компанијата што придонесува кон професионален развој на вработените и секако стратешките цели на бизнисот.

Менторираните вработени! Тие добиваат менторска експертиза и лекции за кои инаку би им требало подолго време да ги стекнат. Развиваат појасна слика и се фокусираат на она што е потребно за подобар професионален развој во компанијата и се поврзуваат со професионалци кои имаат значење и влијание во фирмата. Стекнуваат специфични знаења и вештини потребни за подобар професионален развој.

Менторот! Доделување на улогата ментор на некого од вашите поискусни вработени ќе предизвика задоволство и чувство на признание кај нив поради можноста која ја добиле да ја споделат својата експертиза. Менторот ќе ја унапредува својата кариера, додавајќи и развивајќи ја улогата на ментор, а индиректно ќе дознава нови детали за останатите делови на компанијата.

Запомнете дека менторството е процес и еден циклус не е доволен. Крајот на еден циклус може да биде само појдовна точка за втор циклус кој може да започне по одреден период. За да го подобрувате системот, кога ќе заврши една фаза направете евалуацијата од сите аспекти и соберете повратни информации од сите учесници. Менторството ќе ги унапреди вработените, менторите и компанијата.

(Moja Firma)

Сподели!
- Advertisement -