Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и од вечерва на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,50 ден/лит
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.
„Одлуката за зголемување на цените на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени кај сите нафтени деривати во изминатата недела. Клучна причина за овој тренд се негативните ефекти од ураганот Сали во Америка, поради кој од минатата средата се затворени рафинериите во Мексико, со што е стопирано производството, а залихите се на минимум. Од друга страна пак, во овој период побарувачката од лесни деривати е зголемена, а поради ограничената понуда во текот на изминатата недела на светските берзи се регистрира значителен раст кај бензинските фракции и тешките мазива“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од 22.9.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,311 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување и тоа: на бензинот за 4,663 %, на дизелот за 3,692%, на екстра лесното масло за 2,769 %, и на мазутот за 5,388% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,297%.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, како и променетиот износ на акцизата за бензините согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените се зголемуваат во просек за 2,37%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 14.9.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,804 | 0,982 |
Австрија | 1,019 | 1,066 |
Бугарија | 0,928 | 0,923 |
Хрватска | 1,131 | 1,217 |
Германија | 1,049 | 1,283 |
Грција | 1,144 | 1,427 |
Италија | 1,274 | 1,392 |
Унгарија | 1,022 | 1,045 |
Словенија | 1,001 | 1,003 |