ЦГК: За итни набавки поврзани со Ковид потрошени речиси 7 милиони евра, кај 68% од набавките прекршен законот

- Advertisement -

Институциите купувале 16 видови маски, најскапо платена е таа од видот „FFP2“ – 448 денари по парче, а најголеми разлики во цените за еден ист вид маски имало кај „респираторните маски N95“ од 66 до 313 денари за маска. 

Спорни се и „заштитните скафандери за еднократна употреба“, по цени од 177 денари до 1.156 денари по скафандер, покажал мониторингот на Центарот за граѓански комуникации. Различните цени се ризичен фактор кој што може да упатува на нерационално торшење пари вели Герман Филков и предупредува дека итната постапка носи и ризик за можна корупција.

- Advertisement -

Почнувајќи од март до септември годинава итните набавки поврзани со Ковид кризата ја чинеле државната каса 6,7 милиони евра. Притоа 43% од вредноста на сите тендери им припаднала само на 5 фирми иако 186 добиле тендер поврзан со коронавирусот.

Покрај МВР, најмногу итни набавки спровеле Министерството за здравство, Универзитетската клиника за трауматологија, Болницата „8 Септември“ Скопје и МАНУ. Многу од институциите не наведуваат во договорите ниту количини, ниту поединечни цени, со што практично го оневозможуваат увидот во суштинските делови од тендерите, нотира Центарто во извештајот од монторингот.

Сподели!
- Advertisement -