Експерти советуваат како да се одржува хигиена во канцелариите оваа зима

- Advertisement -

Бидејќи ладното време не присилува да го затвориме прозорците и се повеќе луѓе седат во затворени простории, каде што корона вирусот полесно се шири, експертите се загрижени дека заразата полесно ќе се прошири кај канцелариските работници.

Герхард Шојх, експерт за аеросолна медицина, вели дека должината на состаноците и бројот на присутни луѓе мора да бидат сведени на минимум. Затоа, тие советуваат состаноците и деловните разговори да бидат што пократки и во што е можно поголеми простории.

- Advertisement -

За сите да бидат заштитени, можете да го поделите состанокот на неколку дела, вели Шојх. Колку е пократко времето поминато во затворена просторија, толку е понизок ризикот од зараза, така што има слисла да се поделат состаноците на три дела по 30 минути наместо да траат 90 минути. За да се намали, пак, бројот на луѓе на состаноците, Шојх предлага комбинирање на состаноците во живо и на видеоконференциите.

Ако планирате забава, размислете за тоа гостите да ги поделите до две групи наместо сите да ги повикате во една иста просторија во исто време. Што се однесува на бирањето на соодветните простории, колку се поголеми толку подобро. Колку е помала просторијата, толку е поголем ризикот од зараза. За што повеќе да се намали ризикот, отворете ги прозорците за да излезе стариот воздух и да влезе нов, советува Шојх.

- Advertisement -

Истото тоа се однесува и кога седите сами во канцеларија, а клиентите и колегите влегуваат повремено. Ако сте заразени, постојано ќе о ширите вирусот одоколу и со тоа полека ја полните просторијата. Посетителите тогаш ги вдишуваат честичките и може да се заразат. Шојх смета дека филтрите за воздух исто така може да помогнат. Имено, со вистинска опрема може да се филтрираат повеќе од 90% од аеросолите во просторијата.

Меѓутоа, битно е уредите да можат да го измерат волуменот на воздухот во просторијата барем четири пати во еден час. Тоа значи дека за просторија од 50 квадрати филтерот за воздух треба да има стапка на измена на воздухот од барем 200 кубни метри на час. Дополнително може да имате уште неколку уреди во погон.

- Advertisement -

Што се однесува на основните правила за држење дистанца и носење маски, во затворена просторија мора да се почитува тоа правило, иако таму и не е од голема корист, како што вели Шојх. Носењето маски се уште ќе ги штити другите затоа што барем ќе задржи некои од аеросолите. Сепак, според Шојх, маските нудат мала заштита од аеросолите кои веќе се присутни во воздухот.

(Business Insider)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -