Вселенскиот отпад од 60-тите години може да стане мини Месечина за Земјата

- Advertisement -

Земјата би можела да добие нова привремена мини Месечина во форма на вселенски отпад. Имено, истражувачи следат објект кој зимава може да биде заловен во земјината гравитација и да стане нејзина Месечина, барем привремено додека не се врати во соларниот систем.

Можно е да се работи за стандарден астероид, но некои астрноми велат дека мистериозниот објект може да биде дел од некоја ракета од 60-тите години од минатиот век. Меѓу луѓето кои го следат објектот е и Пол Ходас, менаџер на Центарот за проучување објекти блиски до Земјата во рамките на НАСА. Тој е еден од водечките светски експерти за астероиди, а исто така веќе со децении го следи вселенскиот отпад.

- Advertisement -

Објектот во септември го забележаа истражувачи на Хаваите и му дадоа ознака 2020 SO како астероид кој е блиску до Земјата. Но, овој објект е малку чуден за типичен атсероид. Се движи релативно бавно и има речиси кружна орбита околу Сонцето, исто како и нашата планета. Сите тие карактеристики се показател дека станува збор за објект кој некогаш бил лансиран од Земјата.

Тоа е орбитата која би ја следел дел од ракета после одвојувањето, откако ќе ја помине Месечината и ќе тргне во орбитирање околу Сонцето. Не верувам дека се работи за атсероид, но и тоа не е невозможно“, вели Ходас.

- Advertisement -

Објектот е долг околу 8 метри, што исто така одговара на должината на горниот дел од ракетата Кентаур. Движењето низ соларниот систем исто така одговара на движењето на рекатата која е искористена за мисијата Surveyor 2 на НАСА од 1969 година. Мисијата била неуспешна и покрај успешното лансирање. Научниците ќе можат да утврдат за каков објект се работи кога ќе биде поблиску до Земјата. Без оглед на тоа што е, објектот ќе биде неколку месеци во орбитата на Земјата, а потоа ќе продолжи понатаму, пишува The Verge.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: Pikrepo)

Сподели!
- Advertisement -