Мишелин ѕвездите конечно ќе пристигнат и во Србија, а првите ресторани кои ќе го добијат најпрестижното кулинарско признание ќе бидат познати во декември. Имено, Србија стана дек од престижниот гастрономски водич на Мишелин.
Ѕвездите на Мишелин се своевиден кулinарски „Оскар“, најголемото и највредно признание во кулинарскиот свет кое го добиваат рестораните со престижна понуда и услуга. Рестораните може да добијaт до три ѕвезди за квалитетот на храната врз основа на пет критериуми: квалитетот на користените продукти, мајсторството на вкусови и техниката на готвење, личноста на готвачот во неговата кујна, соодносот на цената и понудата, како и доследноста на квалитетот. Сето тоа го потврдуваат инспектори на Мишелин.
Тие инспектори анонимно посетуваат рестороани ширум светот и го оценуваат исклучиво квалитетот на храната која се служи врз основа на тие пет критериуми. Ѕвездите не зависат од енетериерот, декораците на масите или квалитетот на услугата на ресторанот. Тоа се разнигра посебно со оценки од 1 до 5.
Сите добитници на ѕвезди потоа се наоѓаат во водичот на Мишелин, во кој се препорачуваат рестораните во над 30 земји на три континенти. Досега се продадени повеќе од 30 милиони примероци. Од земјите во регионот само Хрватска и Словенија имаат ресторани во тој водич. Хрватска има 7, а Словенија има 2 ресторани со Мишелин ѕвезди.
Ѕвездите Мишелин ги стартувале браќата Андре и Едуард Мишлен, чие презиме го носат и најпознатите автомобилски гуми во светот. За да ги мотивираат луѓето да патуваат и така да ја зголемат продажбата на автомобили и на своите гуми браќата во 1900 година направиле мал водич со корисни информации за патниците како што се мапи, список со автомеханичарски дуќани, бензински станици и места каде ѓто може да се јаде или да се преноќи.
Меѓу другото, водичот имал и анонимни оценки на европските ресторани, а од 1926 година почнал да ги доделува престижните ѕвезди. Луѓето кои ги оценуваат рестораните се постојано вработени во групацијата Мишлен, а најголем дел од нив студирале во најдобрите угостителски школи во светот.
(b92)