Единствениот хотел во светот наменет само за играње видеоигри

- Advertisement -

iHotel во Тајван е вистински рај за гејмерски двојки. Овој хотел им нуди на своите гости соби со професионални компјутери за видео игри за да уживаат во своите омилени видео игри, дури и додека се на одмор. Бидејќи не е лесно целосно да се оттргнете од вашите омилени игри, конзоли и компјутери, овој хотел за игри бил создаден за да го реши овој проблем.

Хотелот е горд на фактот што во секоја соба има два компјутери со i5-7400 процесори, 16 GB RAM и GTX 1080 Ti графички картички. Сето ова е доволно и за најсложените игри денес, а искуството е надополнето со DXRacer столици за видео игри.

- Advertisement -

Покрај најмоќните компјутери и гејмерската опрема, хотелот исто така ги нуди и сите други услуги како останатите ексклузивни хотели. Целиот хотел е полн со различни детали кои придонесуваат кон оваа гејмерска атмосфера. Освен собите, може да се користи и фоајето каде што има 12 компјутери наредени во полукруг како во арените на eSports.

И покрај тоа што изгледа многу луксузно и просторно, во iHotel за ноќевање се плаќа 100 долари, а може да се изнајми собата и за само еден час по цена од 12 долари. Цената вклучува и 46 инчен телевизор каде се емитуваат еSports натпревари.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -