Американски рок бенд пронајде начин како да прави свирки среде пандемија – публиката и свирачите ги става во пластични балони

- Advertisement -

Рок бендот The Flaming Lips од Оклахома пронајде начин како и во текот на пандемијата да одржува концерти и тоа сосема безбедно. Имено, членовите на бендот на полесниот настап за себе и за публиката обезбедија пластични балони во кои собира по еден човек.

Идејата за концертот ја добиле од скица која фронтменот на бендот, Вејн Којн, ја нацртал во текот на почетоците на пандемијата. Во тоа време, како што вели Којн, идејата била еден вид коментар на пандемијата, а ни на крај памет не му паднало дека корона вирусот ќе остане со нас толку долго за неговата идеја да стане реалност.

- Advertisement -

„Мислам дека никој не би го помислил тоа, дека пандемијата ќе трае од средината на март до осум месеци подоцна. Сите мислевме дека ова ќе трае еден месец, можеби два“ вели Којн.

Бендот веќе наголемо одржува концерти во балони, а ги нарачале од Кина. „Ми се допаѓа како изгледа ова затоа што можете да правите што сакате, можете да вреската колку сакате, едноставно не можете да ги заразите луѓето околу вас, а и вие самите сте заштитени од нив. Таа бариера е тука, сите се заштитени“, додава фронтменот.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Twitter screenshot)

Сподели!
- Advertisement -