Германија почнувајќи од понеделник во текот на наредниот месец ќе ги затвори баровите, рестораните, културните и спортските установи во рамките на новите драстични рестриктивни мерки против епидемијата на корона вирусот, соопшти канцеларката Ангела Меркел.
Тие строги мерки ќе важат за целата земја и треба да се ограничат контактите што е можно повече со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, изјави канцеларката и додаде дека училиштата и градинките ќе останат отворени.
Според тоа што го кажа Меркел, спортските професионални натпревари ќе бидат одржани во затворено, додека во текот на ноември ќе бидат забранети аматерските натпревари.
Германската влада планира да спроведе и нова програма за итна помош до 10 милијарди евра за да им помогне на економските сектори кои се најмногу погодени од рестриктивните мерки.
(Bizlife)
(фото: Pixabay)