Јапонски експериментален воз достигна брзина од 382 км/ч

- Advertisement -

Јапонски експериментален „шинкансен“, односно bullet воз беше тестиран пред неколку дена и превезуваше локални новинари. Првиот тест на новиот воз наречен ALFA-X го направи железницата East Japan Railway Co., а брзината која беше постигната изнесуваше 382 км/ч. Ова е првото тест возење на возот, чиј развој е завршен во мај минатата година.

Инаку овој воз може да достигне максимална брзина од 400 км/ч. Тестот е успешен, а беше направен на линијата Тохоку Шинкансен, која го поврзува Токио со префектурата Аомори. Возењето меѓу станиците Сендаи и Mариока траеше 40 минути, а вообичаено трае 1 час и 15 минути.

- Advertisement -

Во мај минатата година беше направено првото тест возење со десет вагони, кога е достигната брзина од 360 км/ч без патници. Во текот на тие тестови се собирани битни податоци за понатамошен развој. Возовите во Јапонија моментално достигнуваат брзина од до 320 км/ч.

Една од главните разлики меѓу новиот воз и постојните се специфично обликуваните предни и задни вагони. Тие се специјално обликувани за да се мери разликата во притисокот на ветрот. Кога возот се движи на север го користи првиот вагон долг 22 метри, кој е за 7 метри подолг од другите вагони од E5 серијата. Исто така, кога се движи на југ го користи првиот вагон долг 16 метри.

- Advertisement -

Системот за кочење на возот ALFA-X е сместен на кровот, како и новиот систем за електромагнетен отпор. Целиот систем за кочење е унапреден. За на патнциите да им биде што поудобно при брзо возење унапреден е и системот за амортизација кој ги сведува на минимум хоризонталните и вертикалните вибрации.

Во текот на тест возењето се слуша тивок или никаков звук при брзина од 320
км/ч, тврдат јапонските новинари. Сепак, звукот на моторот се слуша при брзини од 360 и 380 км/ч.

- Advertisement -

(Klix)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -