САСА постигна рекорд во безбедноста – 365 дена без повреда на работно место

- Advertisement -

Вработените и менаџментот на рудникот за олово и цинк САСА одбележаа значајно достигнување – 365 дена без повреда на работно место. Претходниот рекорд, регистриран во изминатите 11 години од рестартирањето на рудникот, изнесуваше 210 денови.

„Горди сме на нашите вработени за ова достигнување со кое САСА е чекор поблиску до најдобрите практики во оваа област на глобално ниво. Тоа е резултат на посветеноста на сите вработени во издигнување на безбедноста како највисок прироритет во компанијата и на напорите за континуирано унапредување на стандардите, процедурите и односот кон безбедноста и здравјето при работа“, изјави генералниот директор на САСА, Неил Стевенсон, потенцирајќи дека „компанијата и понатаму ќе продолжи да вложува значајни средства, енергија и знаење со кои се обезбедуваат предуслови за безбедна и здрава работа средина“.

- Advertisement -

„Безбедноста при работа и здравјето на вработените е приоритет над сите приоритети во рудникот САСА. Тоа е област на којашто сите ние работиме максимално посветено. За да го постигнеме тоа, ги имплементиравме најстрогите меѓународни практики и стандарди, вклучувајќи го и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001, со што сме единствен рудник со ваков сертификат во регионот“, вели раководителот на службата на безбедност при работа во САСА, Митко Николовски.

Вложувањата во сегментот на безбедноста и здравјето при работа во рудникот САСА заземаат значајно место во вкупните инвестиции во модернизација на рудникот, кои во изминатите 11 години надминаа 65 милиони евра.

- Advertisement -

Во тие рамки, помеѓу останатото, секој вработен е обезбеден со комплетна лична заштитна опрема, се организираат редовни обуки за сите вработени на теми од областа на безбедноста и здравјето при работа, воведени се задолжителни редовни медицински прегледи на сите вработени, формиран е диспечерски центар за континуирано следење на состојбите во рударските јами и останатите постројки, целосно е опремена амбуланта со постојано дежурство на медицинско лице, како и санитетско возило со комплетна опрема.

Сподели!
- Advertisement -