„Аспиринот“, широко распространет лек кој се користи како средство за спречување на тромбоза, ќе се тестира како можен лек против КОВИД-19 во Велика Британија. Кај пациенти заразени со новиот корона вирус е зголемен ризикот од создавање крвни грутки поради поради реактивните тромбоцити, односно крвните плочки кои се итни во стопирањето на крварењето.
Аспиринот е агенс кој делува антитромбоцитозно и може да го намали ризикот од крвни грутки, беше објавено пред неколку дена на страницата www.recoverytrial.net.
„Постојат повеќе причини во прилог на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а освен тоа, безбеден е, евтин и широко достапен“ вели Питер Хорби, одговорен за истражувањето.
Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат по 150 мг аспирин дневно покрај вообичаената терапија. Податоците за закрепнувањето на тие пациенти ќе се споредуваат со податоци од најмалку 2.000 други пациенти кои ќе примаат стандардна терапија за КОВИД-19.
Другите терапии кои ќе се вклучат во тестирањето се вообичаен антибиотик „азитромицин“ и коктел од антитела на компанијата Regeneron, кој се користи во лекувањето на симптомите на КОВИД-19.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pixabay)