Oдвоени два милиони денари за сензорни соби во Источниот плански регион

- Advertisement -

Преку набавка на опрема и градење на сензорни соби во мулти-сензорни простории во основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, градинката „Астибо“ во Штип и Дневниот центар за деца со попреченост во Делчево, во комбинација со обуки за кадарот, во рамки на проектот „Здрави деца – сигурна иднина“ постепено ќе се решава проблемот со кој се соочуваат децата со потешкотии во развојот до различен степен, кај предучилишна возраст во Источниот плански регион, велат од Министерството за локална самоуправа.

Проблем со којшто се соочуваа установите каде посетуваат настава овие деца е недоволната опременост на просториите, како и недоволна стручна подготвеност на кадарот кој работи со овие деца. Целта на проектот, со вкупна вредност е 2 милиони денари, е преку набавка на опрема и градење на таканаречени сензорни соби, во комбинација со обуки за кадарот, да се постигне решавање на проблемот.

- Advertisement -

Според Билјана Трајчевска, директорката на детска градинка „Астибо“ во Штип, сензорната соба беше пуштена во употреба во декември минатата година, следните два месеци неа ја користеа дел од 20-те дечиња поради тоа што добар дел од нив не посетуваа градинка, поради тоа што изминатите месеци посетата на дечињата во градинката е малку намалена.

„Сега имаме детектирано седум деца кои што ја посетуваат нашата установа, меѓутоа со надминување на кризата ние сме отворени, тоа значи дека сензорната соба ќе можат да ја користат и други дечиња, поточно оние кои што не ја посетуваат нашата установа ако имаат потреба за користење на истата. Би сакала да ја истакнам важноста на проектот кој го реализиравме, бидејќи во текот на минатата година во нашата установа беа детектирани некаде околу 20-тина деца кои што имаат одредени потешкотии во развојот и за чии што поефикасно вклучување воспитно-образовниот процес е од голема помош работата со дефектологот, и користење на опремата од сензорната соба“, вели Трајчевска.

- Advertisement -

Сензорните соби преставуваат специјално дизајнирана околина која треба да овозможи за детето (лицето) со посебни потреби контролирано изложување на едно или повеќе сетилни доживување со цел поттикнување на сензорната интеграција која е основа за оформување на нашите одговори кон надворешната средина. Долгорочниот ефект од овој проект би бил зголемена интеграција на децата со потешкотии во развојот во образовниот систем и понатаму во општеството.

„Првите месеци од нејзиното функционирање навистина максимално се користеше и тоа е добро, затоа што на децата со попреченост му се овозможи да ги развиваат своите психофизички способности. Директорката нè информираше дека собата е одлична за децата, бидејќи релаксира, одмара и позитивно влијае врз сите деца кои учат во оваа градинка. Се надевам дека корона кризата брзо ќе заврши и дека ќе можеме повторно да ја ставиме во функција и во користење на сите оние кои им е потребна, не само од Штип туку и од регионот кои имаат потреба да ја користат оваа соба, вели Горан Милевски министерот за локална самоуправа“, рече Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, при неговата посета на  градинката „Астибо“ во Штип.

Сподели!
- Advertisement -