Неопходни се нови вештини и знаења за развој на текстилната и градежната индустрија во земјава!

- Advertisement -

На земјава и се потребни кадри со нови вештини, кои меѓу другото ќе им помогнат на домашните компаниии да ги зајакнат своите пазарни позиции и конкурентска предност. Технолошкиот напредок рака под рака со градењето вештини потребни за работните процеси кои доаѓаат во градежната и текстилната индустрија се во фокус на проектот „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови работни места“, поддржан од Британската амбасада, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со Министерството за образование и наука.

На минатонеделната конференција претставници од надлежните институции и од овие две индустриски гранки дискутираа за перспективите за нивен развој, како и за начините како да се подобрат компетенциите и вештините на вработените. Само за илустрација, текстилната индустрија во земјава вработува 35.000 лица, а градежната 56.000 лица.

- Advertisement -

„Во овие несигурни и сложени околности УНДП и понатаму посветено се залага за промени преку поврзување на различни чинители со знаења. Искуства и модели на промена што им помагаат на луѓето и на заeдниците да градат нешто подобро и да станат поотворени за идните шокови. Сите сме сведоци дека деловните екосистеми прават дрaстични промени за да бидат одржливи во “новото нормално“.
Иновацијата сега е најважна, бидејќи им дава на компаниите конкуретнтна предност што им овозможива побрз пробив до нови пазари и пристап до поголеми можности. Затоа ставаме особен фокус на воведување иновативни решенија што компаниите ќе може да ги усвојат на патот кон раст и одржлив развој“, нагласи Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП.

Тимот на УНДП со поддршка од локални и меѓународни експерти, спроведе неколку анализи и даде препораки за политики што ќе бидат темел за идни дискусии во оваа насока. Она што јасно се гледа е дека развивањето на вештини е неопходно за поддршка на модернизацијата и дигиталната трансформација што на овие индустрии им се потребни за да напрадуваат и да останат конкуренти. Без брзи и ефективни пормени во образованието, иднината на овие индустрии ќе стане несигурна.

- Advertisement -

Британската амбазадорка Рејчел Галовеј потенцираше дека честопати приватниот сектор побрзо се прилагодува и користи модели што комбинираат формални, неформални и програми за вештини предводени од бизнисите. “Текстилната индустрија во Северна Македонија треба да се помени. Треба да ги научи новите барања, да создаде нова визија и да си го најде местото на глобалниот пазар. Иднината може да биде тешка, но може и да отвори и можности. Овие два сектори, текстилниот и градежнот, може да ни бидат компас. Треба веднаш да им овозможиме да развијат луѓе со соодветни вештини што ќе не одведат кон одржлива иднина“, нагласи таа.

Дискусијата која се отвори за време на конференција отвори неколку интересни прашања. Пристапот до специјализирани и поволно финансиски линии за оваа намена, односно технолошко унапредување е од клучно значење за компаниите да  донесат таква одлука. Менаџерите од тектилната и градежната индустрија, кои беа присутни на конференцијата, нагласуваат дека се свесни за промените кои се случуваат на глобално ниво и за потребата и тие да се менуваат, но велат дека без финансиска и логистичка поддршка од државата тоа би било невозможно. 

- Advertisement -


 
Министерката Мила Царовска на панел-дискусијата  истакна дека во изминатите 30 години воопшто не било вложувано во средното стручно образование, односно реформите кои се правеле биле во насока да сепоттикнува запишување во гимназиите.

„Оваа состојба мора да ја промениме и низ образовниот процес да започнеме да создаваме квалитетен кадар којшто ќе може да одговори на пазарот на трудот. Од годинава веќе ја променивме политиката на стипендирање. Сега за ученичките стипендии може да се пријавуваат и ученици од техничките и текстилните средни училишта, со што ќе го потикнеме запишувањето во овие училишта“, рече Царовска. 

Таа посочи дека средното стручно образование треба целосно да се реформира и да се приспособи на најновите трендови во производството, со што ќе се обезбедат стручни кадри кои веднаш по завршувањето на образованието ќе може да одговорат на пазарот на трудот.

– Владата прави конкретни чекори со кои треба да ја поставиме рамката за средно стручно образование. Сето ова го правиме со огромна поддршка од нашите меѓународни партнери. Она на што забрзано се работи во овој момент е воспоставување 3 регионални ВЕТ-центри кои ќе служат за остручнување на кадар кој ќе биде обучен за да може ефикасно и веднаш по завршувањето на образованието да одговори на пазарот на трудот. Првите вакви центри од идната година ќе профункционираат во Охрид, Тетово и Куманово, но тенденцијата е да се отворат и во сите останати региони во државата – рече таа.

Инаку, во рамки на овој проект беа направени и две анализи за состојбите во текстилната и градежната индустрија, со конкретни препораки.

Наодите на професор д-р Игор Јорданов, кој што беше ангажиран како национален консултант за текстилната индустрија покажаа неопходност од итeн премин од лон во „целосен пакет“ систем на производство, инвестиции во технологија и во човечки потенцијал.

„ Детектиравме потреба од обука/дообука или прекфалификација на кадар во текстилната индустрија и потреба од нови вештини како што се: оператори на автомати, познавачи на CAD/CAM системи, оператори на роботи и дигитализција“, вели д-р Јорданов.

Игор Панчевски, национален консултант за градежната индустрија препорачува итно спроведување на кампања насочена кон младите за придобивките од стручното образование, како и платформа за здружување на работодавачите, Владата и засегнатите страни, заради континуирани консултации и насоки.

„На краток рок потребо е формирање совети за секторски квалификации за градежниот сектор кои би играле клучна улога во надградбата на вештините и развојот на работната сила, а на долг рок се потребни реформи на политиките и грантови/кредити за поддршка и формирање на “центри за добра практика“.  

Експертката Наташа Јаневска, ја образложи Анализата на УНДП за состојбата на тековниот систем на постсредното образование, како и препораките за модерницација на истиот. Јаневска истакна дека пост-средното образование е многу важен сегмент од целиот процес на едно модернизирано и квалитетно стручно образование.
– Тоа е насочено кон реализација на образовни програми кои нудат продлабочени  вештини знаења и компетенции со цел да се исполнат барањата и потребите на работодавачите, на стопанството. Постсредното образование треба да ги следи тековите во економијата, сите состојби што се случуваат на пазарот на труд – рече Јаневска.
Таа препорача прво да се дефинира постсредното образование исто во сите документи согласно европската терминологија, потоа да се направат законски измени, да се дефинираат видовите на стручно образование, а истакна дека е многу важно овој тип на образование да биде достапно на оние на кои им треба.

Сподели!
- Advertisement -