Кина, Јапонија, Јужна Кореја и уште 12 држави го создадоа најголемиот трговски пакт во светот, од кој многумина во Азија очекуваат да го забрза економското закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.
Покрај трите наведени земји, договорот наречен Регионално сеопфатно економско партнерство (RCEP) виртуелно го потпишаа и Австралија, Нов Зеланд и сите 10 членки на Асоцијацијата на држави на Југоисточна Азија (ASEAN). Членки на ASEAN се: Филипините, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа.
Договорот RCEP е потпишан на маргините на годинашниот самит ASEAN. Премиерот на домаќинот на самитот, Виетнам, Нгујен Ксуан Пук, изјави дека преговорите за формриање на пактот биле завршени после осум години тешка работа.
„Завршувањето на преговорите за RCEP, најголемиот договор за слободна трговија во светот, ќе испрати силна порака која ја потврдува лидерската улога на ASEAN во поддршката на мултилатералниот трговски систем, сосздавање нова трговска структура во регионот, оживувањето на синџирите за снабдување прекинати од пандемијата и помагање на закрепнувањето после пандемијата“ изјави Пук.
Договорот ќе ги намали и досега ниските царини меѓу земјите членки. Претставниците на договорот велат дека ним може да им се приклучи и Индија, која не го потпишала договорот досега поради силното противење во земјата со барања за отворање на пазарот.
Договорот има симболични последици затоа што покажува дека Азија останува посветена на мултилатералните напори насочени кој создавање слободна трговија, четири години откако претседателот на САД, Доналд Трамп, иницираше политика за склучување трговски договори со одделни држави.
(Bizlife)
(фото: YouTube screenshot)