Научници направија невидливо мастило кое се активира при контакт со сол

- Advertisement -

Научници направија нова форма на невидливо мастило, но има еден проблем – може да е токсично. Невидливите мастила или паметните мастила може да се користат за се – од спречување фалсификување пари до складирање информации. Овие мастила се невидливи се додека не се активираат со светлина или топлина, но во пракса, и без тоа секако може да се види малку од тоа што е напишано.

Новиот вид невидливо мастило се активира при контакт со сол и не е совршено. Основната компонента му е оловото, кое е токсично во поголеми количини. Но, научниците се обидуваат да направат побезбедна варијанта.

- Advertisement -

Ова мастило не може воопшто да се види, но кога ќе се додаде посебен вид сол оловото се претвора во нанокристали кои светат која ќе поставите УВ светлина над хартијата. Кога повторно ќе додадете сол, мастилото пак станува визливо, така што пораките напишани со него ќе останат тајни. Оваа техника веројатно нема да најде широка примена, но е чекор поблиску до поголема безбедност на некои битни пораки.

(The Verge)

Сподели!
- Advertisement -