Интервју со Мери Кучера Илиевска, директор на Oracle за Македонија
Oracle e главен светски технолошки гигант кој започна како стартап но никогаш не престана со процесот на иновации. Кој пристап сега го има Oracle во однос на дигитализација и трендови кои треба да се следат?
Со оглед на тоа што пристапот на корисниците драстично се промени (начинот на којшто уплаќаме во банка, патуваме, учиме, купуваме, се забавуваме…) така повеќето од компаниите го променија начниот на кој делуваат и прават бизнис особено во последнава декада. Ако сеуште не беше тоа направено дефинитивно неодамнешнава пандемија само го забрза процесот на трансформација. Во Oracle зборуваме со нашите корисници за концептот на Дигитално Ресетирање – што е всушност една листа за проверка со цел да се совлада новата нормала.
Погледнавме 10 бизнис сектори кои се во критична состојба и најверојатно истите ќе се променат засекогаш. Допирна тема за сите е важноста на дигиталната технологија. Некои од темите на листата се социјалното дистанцирање, работа на далечина, спроведување на бизнис онлајн, процесот на автоматизација, забрзаното донесување на одлука како и дигиталниот имнунитет и oперативната жилавост. Не постои копче за ресетирање за да се вратиме на работите пред пандемијата. Многу работи се променија и нови трендови и начини на однесување кои произлегоа ја сочинуваат таа “нова нормала”. Сметаме дека со правилна стратегија за дигитална трансформација компаниите ќе опстанат, ќе се прилагодат и ќе се развијат во новата економија.
Како Oracle поддржува бизниси кои се во рана фаза и кои развиваат технолошки стартап решенија?
Oracle дизајнира уникатна акцелераторска програма која овозможува взаемно корисни партнерства за градење бизнис за стартапи, нашите корисници и за Oracle. Започнува со бесплатен cloud и се проширува со богата соработка која дава можности за да соработувате со широката мрежа на ментори, експерти за производ и корисници на Oracle. Заедно формираме доблесен циклус на иновација. Кредитите за бесплатниот cloud може да се искористат со цел да се започне со Oracle Cloud Infrastructure, Oracle Autonomous Database, Oracle Analytics Cloud, Container Engine for Kubernetes и многу други услуги. Настрана од бесплатните кредити кои се во склоп на акцелераторската програма и 70 % попуст, основачите на стартапи добиваат и пристап до бесплатна cloud вертикала која обезбедува простор за корисниците да создаваат и работаат бесплатно засекогаш. Ова овозможува стартапите и дивелоперите да работат на апликации кои се во развој пред да платат за да ги пуштат во производство.
Oracle работи со мали и средни бизниси, стартапи и корпорации шурум светот. Дали има позитивни примери за соработка со стартапи од регионот на Западен Балкан?
Oracle со својата програма Oracle за Startups им има помогнато на неколку стартапи за да креираат креативни технолошки производи и да го развијат својот бизнис. Ние сметаме дека во овој регион има одличен технолошки капацитет и талент па затоа нашиот тим на експерти секогаш е среќен да им помогне на новите основачи да станат дел од нашата Oracle for Startups.
Еден таков пример е стартапот во рана фаза Stornest од Република Северна Македонија кој креира алатка за планирање на наследство со непробојна zero proof технологија. Со тоа што станаа дел од програмата Oracle for Startup ние можевме да им помогнеме околу барањето да ја користат нашата блокчејн конта и други Oracle услуги со цел да креираат стабилно и растечко решение за осигурително-технолошкиот и финансискo-технолошкиот сектор. Друг исто така добар пример е Dataflux која е иновациска компанија која работи со вештачка интелегенција основана од двајца Хрвати кои се приклучија на програмата минатата година и како резултат на програмата го претставија своето решение на целната група на корисници.
Вашиот тим од Oracle за Startups беше дел од програмата на Глобалната недела на претприемништво 2020 дали за прв пат учестувате на неделата?
Oracle е голем поборник за развој на екосистеми и навистина ни беше многу драго што добивме покана од Стартап Македонија да му се обратиме на растечкиот претприемачки екосистем на Северна Македонија. Нашиот настан беше еден од клучните настани за време на еднонеделниот маратон кој го слави претприемништвото и се фокусираше на дигитална трансформација за стартапи. Нашиот клучен експерт од секторот за дигитализација Петах Грин (Petah Green) одржа почесен говор и презентира една од успешните стартап приказни од регионот со кои Oracle може да се пофали. Овој настан всушност беше нашата прва презентација на Oracle за Startups во регионов но тоа е само првиот чекор.
Сите кои не можеа да ни се приклучат и да го проследат настанот, Стартап Македонија го сними и истиот можете да го погледните на следниов линк.
Неодамна ја објавивте соработката со Стартап Македонија а воедно и го поддржавте нивниот серијал на Startup Talks за Западен Балкан. За каков серијал станува збор, за кого е наменет и кој може да аплицира со цел да ги проследи настаните?
Сакаме да соработуваме со партнери во екосистемот кои директно работат со стартапи и даваат вистинска вредност на екосистемот. Токму затоа заедно со Стартап Македонија го креиравме серијалот Startups Talks – Western Balkans за стартапи и основачи кои сакаат да растат и да се развиваат како и менаџерски тим со цел подобро да се запознаат со програмата Oracle for Startup и како истата може да им помогне во текот на нивниот развој.
Овој настан ќе ги доближи сите заинтересирани со нашите експерти од Oracle кои ќе дискутираат на следниве теми:
- Како да се развиете со помош на Oracle for Startup, 2-ри декември
- Почнете да креирате со Oracle, 9-ти декември
- Зошто корпорациите стануваат најдобра тактика за раст на стартапите, 16-ти декември
Бројот на отворени места е ограничен до 30 стартапи со цел да можеме да им обезбедиме најдобра помош на комапниите па така ве замолуваме навремено да се регистрирате на следниов линк и да ни се придружите на 2-ри декември со почеток во 15:00 CET.