Твитер ќе ги предупредува корисниците кога ќе се обидат да лајкнат дезинформации

- Advertisement -

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги известува, односно предупредува корисниците кога тие ќе се обидат да лајкнат твит со дезинформации.

„Овие инструкции помогнаа да се намалат твитовите со цитирање погрешни информации за 29 отсто, така што ги прошируваме за да се покажат кога ќе кликнете лајк на етикетиран твит“, појаснуваат од Твитер.

- Advertisement -

Во моментов корисниците не се во можност да ретвитаат порака која добила етикета за вклучување на спорни пораки, иако можат да ги цитираат твитовите, но од корисниците ќе се бара да дадат дополнителен контекст при цитирањето.

Од Твитер велат дека е од витално значење да се даде дополнителен контекст за тоа зошто етикетирани твитови биле погрешни, без разлика дали тие твитови биле во врска со изборите во САД или ковид-19.

Сподели!
- Advertisement -