Одложувањето на Олимписките игри ќе ја чини Јапонија 2 милијарди долари

- Advertisement -

Гoдинашното одложување на Олимписките игри во Токио како резултат на пандемијата на корона вирусот чини околу 200 милијарди јени, односно речиси 2 милијарди долари.

Mеѓународниот олимписки одбор и јапонската влада одлучија уште во март годинава да ги одложат Олимписките игри со оглед на тоа дека корона вирусот неконтролирано се ширеше низ светот.

- Advertisement -

Игрите пред одлагањето чинеа 13 милијарди долари. Организацискиот одбор ќе донесе одлука за распределба на финансискиот товар од одлагањето во декември, после разговорот меѓу одборот, гладската власт на Токио и јапонската влада. Трошоците опфаќаат исплата на персоналот и новиот систем за рефундација на влезници, но не вклучува мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

(SEEBiz.eu)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -