Списанието Time ја прогласи 15-годишната Гитанџали Рао за дете на годината

- Advertisement -

По прв пат во речиси 100 години постоење списанието Time прогласи дете на годината, кое имало најголемо влијание во светот во 2020 година. Списанието ја избра 15-годишната Гитанџали Рао, научник и иноватор од американската сојузна држава Колорадо, за дете на годината.

Девојчето се појави во ТВ специјалот на Time во петокот навечер. Рао беше избрана меѓу повеќе од 5.000 номинирани поради користењето на технологијата за пронаоѓање решенија за проблемите со зависноста од опијати и загадувањето на водата за пиење.

- Advertisement -

Во интервјуто кое за Time го водеше Анџелина Џоли, Рао зборуваше за своето менторство за други ученици и за своите цели за создавање на глобална заедница на млади иноватори кои би ги решавале проблемите од светот.

„Учениците со коишто работам едноставно не знаат од каде да почнат. Сметам дека ако им дадете искра од која можат да почнат, тоа ќе смени се. Тоа значи дека во светот има една личност повеќе кога сака да смисли идеи за решавање на глобалните проблеми. Неодамна дојдов до бројка од 30.000 ученици со коишто сум работела и сум им била менторка“ изјави Рао.

- Advertisement -

Американското списание од 1927 година досега еднаш годишно прогласува личност на годината и таа награда на добиваат главно мажи, жени или концепти, кои секоја година оттогаш се наоѓаат на насловнс страна.

Ова не е прв пат малолетна личност да ја добие насловната страница во Time. Минатата година личност на годината беше климатската активистка Грета Тунберг, која тогаш имаше 16 години.

- Advertisement -

(Dnevnik)

(фото: Screenshot)

Сподели!
- Advertisement -