Меѓународниот регрутер Серџан Шимшек Арнаутовиќ од „Фејсбук“ е предавач на вториот вебинар во рамки новата иницијатива #FITR CLASSROOM на Фонд за иновации и технолошки развој, на тема на тема “Брендирање на вработените“, т.е. Еmployee Вranding. Вебинарот е на 09.12 во 19.00 часот на платформата Зум и отворен е за сите заинтересирани. Пријавувањето е на следниот линк: https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN__NY9XQL6QAu-lRfhXkLRFg.
Шимшек Арнаутовиќ е регрутер за Среден Исток, Турција, Африка, Централна и Источна Европа во Фејсбук, а од него ќе научите како Фејсбук се позиционира себеси на пазарот како посакуван работодавач, како и начинот на кој се врши процесот на вработување заедно со стратегиите за обука и прием на новите вработени за време на пандемијата со КОВИД-19. Напоредно со новите предизвици во полето на вработување нови кадри, тука се и можностите за консолидирање на јак бренд и создавање уникатно искуство за кандидатите.
Главни теми на вебинарот ќе бидат: ефективното комуницирање со клучната внатрешна и надворешна публика, како да ги користите податоците во насока на адаптирање на пораките и наоѓање на вистинските канали, како да ја одржите внатрешната ангажираност во нагорна насока и процесите на вработување во време на социјално дистанцирање.
Инаку Серџан е меѓународен регрутер со седиште во Даблин, Ирска. Досега работел на голем број прекугранични проекти за регрутирање со некои од најголемите финансиски и технолошки институции, а во моментов работи за Фејсбук како регрутер за нивните различни позиции низ регионите MENA & CEE. Зборувајќи неколку јазици и поседувајќи солидно знаење за глобалниот пазар на регрутирање, Серџан е регрутер со изложеност и искуство во голем број различни полиња (приватно банкарство, финансии, фондови, е-трговија, ИТ, гејминг).
Во рамките на новиот серијал вебинари наречен #FITR CLASSROOM, два пати во месецот глобални експерти од најголемите светски брендови во различни области ќе го споделуваат своето искуство и препораки. Оваа нова иницијатива на ФИТР е дел од долгорочната стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување на знаење и научени лекции од светски експерти, како придонес за нивен раст и дополнителен развој.