Извршниот директор на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Божидар Јанковски станува сопственик на компанијата

- Advertisement -

Финансиското Друштво Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје информира за промена во сопственичката структура на компанијата, откако  Ерсте Кард Клуб д.о.о. Загреб, Хрватска го продаде целосниот удел на извршниот директор на Друштвото Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ, Божидар Јанковски.

“Ова е исклучително признание за работата на Динерс Клуб во нашата земја. Заради одличните резултати на менаџментот на компанијата во изминатите 20 години, ја добивам оваа ретка можност како приватно лице да бидам сопственик на компанијата која продолжува да работи под франшизата на Diners Club International Ltd. Ваква соработка е вистинска реткост и потврда на фактот дека компанијата со години бележи одлични успешни резултати и раст. Со овој чекор се отвораат нови можности за понатамошен, забрзан развој на Динерс Клуб во нашата земја, пред сè во насока на ширење на продажната мрежа, унапредување на корисничката грижа, производите и услугите за клиентите. Динерс Клуб останува посветен да направи разлика, да им донесе повеќе привилегии и поволности на своите корисници. Приоритети во блиска иднина се воведување на нови можности и продукти на што веќе работиме, а целосно сме посветени и на забрзан развој на дигитализација на нашите услуги и производи“- истакнува Божидар Јанковски, Извршен директор на Динерс Клуб Интернационал Македонија. 

- Advertisement -

„Би сакале да им се заблагодариме на менаџментот и на сите вработени за плодната и конструктивна соработка во изминатите три години. Уште повеќе, силно веруваме дека Динерс Клуб Македонија ќе го продолжи своето успешно деловно работење на локалниот пазар и во иднина. И во таа насока веруваме во можна идна соработка со цел поматамошно зајакнување на севкупната позиција на брендот на Динерс Клуб на регионално ниво“, изјави Јурген де Руијтер, Член на Управниот одбор на Ерсте Кард Клуб.

Истовремено, за прв пат Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги во сопственост на Discover Financial Services (NYSE: DFS), еден од најпознатите брендови во финансискиот сектор на САД. Со тоа Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ Скопје го презема ексклузивното право за издавање на Динерс Клуб картичка, како и можноста за понатамошен развој и работење на брендот во Република Северна Македонија.

- Advertisement -

„Ни претставува особено задоволство што го потпишавме ова ново партнерство со менаџментот на Динерс Клуб Македонија, кои низ годините со иновации и посветеност кон своите клиенти, изградија исклучително успешно деловно работење во финансиските услуги во земјата.“, изјави Мат Слоун, Управен Директор ЕМЕА за Discover Financial Services, и додаде „Со нетрпение очекуваме да работиме заедно за понатамошно унапредување на веќе силната позиција на брендот во земјата и да донесеме нови и иновативни услуги за корисниците на Динерс Клуб Македонија.“

По промената на сопственоста, нема да има промени во името и седиштето на компанијата, како и во обврските на компанијата. Не се менуваат ниту договорните обврски и права на и кон клиентите и коминтентите.

- Advertisement -

Динерс Клуб Интернационал МАК, веќе 25 години работи на македонскиот пазар. Динерс Клуб е првата кредитна картичка која е достапна за корисниците во нашата земја. Од март 2017 сопственик на Динерс Клуб Македонија беше Ерсте Кард Клуб доо Загреб.

Денес, Динерс Клуб Интернационал МАК има корисничка база од над 15.000 активни корисници на пазарот во РС Македонија, богато портфолио на производи и ко-брендирани картички, 24 часовна корисничка поддршка, над 3000 продажни места во земјата, каде што може да се купува на рати.

За успешното работење на компанијата сведочат бројните награди како што се Национален шампион во категоријата “Посветеност на корисниците” на Европските бизнис награди,  „Ones to Wach – European Business Awards 2019” во категорија на „Општествена одговорност и свесност за животната средина“, а во 2020 година „Динерс Клуб Македонија“ повторно е добитник на награда за „Најдобра кредитна картичка посветена на грижата за корисници и нивно задоволство“, престижно признание во глобалната финансиска заедница кое го доделува Global Banking & Finance Awards®. За повеќе информации  посетете ја страницата www.diners.com.mk

Сподели!
- Advertisement -