- Advertisement -
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача употреба на вакцината на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ за Ковид-19 во Европската Унија (ЕУ), јавува „Еуроњуз“. Овластувањето, односно дозволата ќе го отвори патот за можен почеток на процесот за вакцинирање во ЕУ на 27 декември.
Откако научниците од ЕМА заклучија дека вакцината е безбедна, официјални лица од агенцијата препорачаа нејзино условно одобрување за таа да биде дистрибуирана низ блокот од 27-те земји членки.
- Advertisement -
Европската комисија сепак мора да стави печат на одлуката, пред вакцината да може да се употребува.
Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕК сега ќе дејствува брзо и ќе донесе одлука за овластувањето уште вечерва.
- Advertisement -
Извор – Радио МОФ
- Advertisement -