Британска компанија нуди работа која ќе биде платена со џин наместо со пари

- Advertisement -

Дали некогаш сте размислувале за тоа колку би било убаво да можете да го пиете омилениот пијалак и за тоа да добивате пари? Ако сте помислиле на тоа, тогаш можеби имате среќа затоа што британската компанија The Local Gin ангажира дегустатори на џин. Во огласот за работа објавен на нивната страница се наведува дека кандидатите мора да бидат постари од 18 година, дека мора да уживаат во пиење џин со тоник и да можат да дадат искрени повратни информации.

Кога станува збор за потребните „алатки“ за да ја вршат работата потребни им се чаша, лед и тоник, додека џинот ќе го обезбеди производителот. Избраните кандидати ќе можат меѓу првите да пробаат низа врвни пијалаци произведени во Велика Британија.

- Advertisement -

За работното место ќе бидат избрани двајца кандидати. Со работа ќе почнат во 2021 година, но за почеток нема да добиваат плата. Наместо тоа, дегустаторите ќе бидат платени со џин. Алкохолните пијалаци кои ќе го поминат дегустирањето ќе бидат вклучени во пакети за клиенти кои ќе ги наплаќаат 40 фунти.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: The Local Gin)

Сподели!
- Advertisement -