Вакцината на Pfizer е ефикасна и против новата мутација на корона вирусот

- Advertisement -

Мутацијата на новиот корона вирус пронајдена во Велика Британија и во Јужна Африка предизвикаа глобална загриженост поради ефикасноста на новите вакцини. И двата вида на вирусот делат една заедничка мутација наречена N501Y, која претставува помала промена на протеинот на вирусот САРС-Ков-2. Поради тие промени се верува дека и двата мутирани соја се шират толку брзо меѓу луѓето.

Вакцините кои моментално се наоѓаат во фаза на тестирања или веќе се користат му кажуваат на телото како да го препознае тој протеин на вирусот и како ќе се бори против него. Tим од научници од Pfizer ги здружи силите со колеги од Универзитетот Тексас за да ги провери лабораториските тестови и да видат дали мутациите влијаеле на ефикасноста на вакцините.

- Advertisement -

Тие користеле примероци од крв на луѓе кои ја примиле вакцината на Pfizer, а антителата од вакцината успешно се справиле со мутираниот вирус во тие примероци, покажа студијата која беше објавена вчера. Станува збор за прелиминарна студија која уште ги нема поминато научните рецензии.

„Не смири тоа што барем една од мјтациите, поради кои луѓето се многу загрижени, изгледа дека не претставува проблем за вакцината“, велат од Pfizer.

- Advertisement -

Тоа се однесува на британската варијанта затоа што јужноафриканската не е уште тестирана.

(AP)

Сподели!
- Advertisement -