Србија од четврток, 14 јануари, ќе го укине задолжителниот PCR тест за влез на македонските граѓани. Како што се наведува, тоа во телефонски разговор на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, му го соопштила српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, ќе се укине задолжителниот PCR тест за влез во Србија на граѓаните на Северна Македонија. Со тоа повторно ќе биде воведе реципроцитет и заемна комуникација меѓу граѓаните на двете земји“ велат од владата.
Од денеска, пак, дозволен е влез без задолжителен PCR тест во Црна Гора. Министерката за здравство на Црна Гора, д-р Јелена Бориновиќ Бојовиќ, денеска соопшти дека Црна Гора ги отвора границите за жителите на други земји без тестот.
(фото: Pixabay)