„Соко Горица“, скопска фирма за производството на овошни пијалаци ќе развива нови технологии

- Advertisement -

Семејната компанија „Соко Горица“ ДООЕЛ Скопје за производството на овошни пијалаци, која датира од 1994 година, доби финансиска поддршка за развој на нови технологии.

Како што информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, финансиската поддршка е во времетраење од пет години по основ на две мерки – пораст на капитални инвестиции и приходи и поддршка за зголемување на конкурентноста на пазарот.

- Advertisement -

Денеска компанијата ја посети и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески. Тој се сретна со раководството на компанијата со цел остварување на континуитет и соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Соко Горица и можностите за зголемување на производството.

Компанијата Соко Горица се занимава со производсто на овошни пијалоци во дојпак амбалажа, меѓу кои најпознати се сокчињата „АмиГО“ и „ВитаГО“ и има производствен капацитет од 10.000 парчиња на час. Компанијата е извозно ориентирана и повеќе од 95 отсто од производите се пласираат на пазарите во над 30 различни земји ширум светот и има 60 вработени. Поседува сертификат за ISO 22000 системот за квалитет и во фаза на имплементација на IFS.

- Advertisement -

Извор – Бизнис вести

Сподели!
- Advertisement -