Данска работи на развојот на дигитален пасош за КОВИД-19, кој треба да биде готов во текот на првите неколку месеци од годинава. Според данскиот министер за здравство, другите земји може да бараат доказ за вакцинација за влез во земјата.
Данска веќе има вакцинирано 1% од својата популација и далеку напред пред другите европски земји. Минатата година светската здравствена организација откри дека работи на т.н. електронски сертификат за вакцинација.
Данска го развива дигиталниот пасош за вакцинација за луѓето кои веќе примиле вакцина против КОВИД-19. Тоа ќе им овозможи да патуваат во земји кои бараат таков документ во време на пандемија.
Се очекува дека ќе има притисок од други земји за прикажување на документ за вакцинирање пред да влезат во некоја земја. Пасошот ќе биде готов уште некој месец, а ќе се продава преку официјалната страница на данското Министерство за здравство. Досега уште е нејасно дали ќе биде достапна преку апликација.
Естонија уште минатата година тестираше дигитален пасош за имунитет за да ги следи оние кои оздравеле од корона вирусот, иако во воздух виси прашањето дали таквите луѓе развиле некаков имунитет и колку време се заштитени.
Данска почна со вакцинација на најстарите граѓани и на здравствените работници на крајот на декември минатата година и досега има вакцинирано 1% од популацијата. Вакцинацијата во околу 900 домови за стари лица се очекува да завршат во петок.
(World Economic Forum)
(фото: Pixabay)