Полициските автомобили во иднина сами ќе ги идентификуваат криминалците

- Advertisement -

Со помош на вештачка интелигенција во иднина ќе се решат сите проблеми во светот. Полициските автомобили во иднина ќе можат да ги забележат и да ги идентификуваат криминалците наместо тоа да го прават полицајците. Компанијата Coban Technologies од Хјустон, која продава камери на полицијата, неделава најави дека дизајнира нови камери кои ќе користат вештачка интелигенција за да идентификуваат  се – од луѓе и возила до оружје.

Можностите на камерата во моментот се ограничени, но технологијата која ја користи постава основа за употреба на напредна технологија од полициските сили за подобри видеоподатоци. Coban Technologies ги следи примерите од Силиконската Долина и својата технологија ќе ја претвори во платформа. Девелопери од страан ќе можат да креираат дополнителни опции за камерата.

- Advertisement -

Камерата засега може автоматски да идентификува некои предмети како возила. Полициските сили од Хјустон ја тестираат камерата со цел подобро да и служат на заедницата. Во иднина, можно е да биде додадена опцијата препознавање лице. Една можна пречка е тоа што камерата нема секогаш директен поглед на лицето и не може да го идентификува. Од Coban планираат да развијат посебна технологија за препознавање лице.

Технологијата на Coban е дизајнирана да работи на максимум 6 камери, па полициските сили можат да ги претворат возилата во камери кои следат се на 360 степени. Исто така, овозможена е автоматска анализа на видеата. На пример, од Coban тестираат опција за предупредување на полицајците кога некој ќе се приближи до возилото.

- Advertisement -

(CNN)

Сподели!
- Advertisement -