Шефот на Tesla Motors, претприемачот Илон Маск, вчера на Twitter вети 100 милиони долари награда за развој на најдобрата технологија за ловење на емисијата на јаглерод диоксид.
Заловувањето на емисијата која ја загрева планетата е многу битен дел од борбата против климатските промени, но до денес е постигнат многу мал напредок во технологијата за намалување на емисијата, а уште помалку за отстранување на СО2 од воздухот.
Меѓународната агенција за енергија порача на крајот на минатата година дека е потребен нагли пораст во примената на технологијата за ловење на јаглеродот ако земјите сакаат да ја достигнат целта нула емисија на гасови.
„Донирам 100 милиони долари награда за најдобрата технологија за ловење на јаглеродот“ напиша Маск на Twitter, после што следуваше уште еден твит во кој ветува дека ќе објави повеќе детали идната недела.
Маск денес веќе е на чело на најфутуристичките компании во светот. Освен Teslа, тој е на чело на компаниите SpaceX и Неурink, стартапи кои се занимаваат со поврзување на мозокот со компјутер. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за ловење на јаглерод диоксидот како дел од својот опсежен план за борба против климатските промени.
(Zimo)
(фото: Flickr)