- Advertisement -
Кај најмалку двајца пациенти во Бразил потврдено е дека истовремено биле заразени со две варијанти на новиот корона вирус, вклучувајќи ја и јужноафриканската.
Тие пациенти покажувале благи или умерени симптоми на болеста КОВИД-19, без потреба за хоспитализација, пренесува бразилската новинска агенција EFE повикувајќи се на истражувањето на бразислката Национална лабораторија за научна информатика.
- Advertisement -
Истражувањет открило дека во јужните делови од бразилската покраина Рио Гранде до Сул циркулираат најмалку пет варијанти од новиот корона вирус, вклучувајќи ја и претходната варијанта VUI-NP13L.
Бразил досега бележи повеќе од 10 милиони заболени од КОВИД-19 и повеќе од 221.000 смртни случаи од болеста.
- Advertisement -
(Sputnik)
(фото: Pixabay)
- Advertisement -