Извозот лани со пад од 7,7 отсто

- Advertisement -

Извозот на стоки од земјава во текот на минатата година забележал пад од 7,7 отсто во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статитика.

Според ДЗС, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 6.633.216 илјади американски долари. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8.709.485 илјади американски долари, што е за 7,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 2.075.269 илјади американски долари.

- Advertisement -

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ декември 2020, изнесува 76,1 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека најмногу минатата година сме извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во 2020 година во земјава најмногу се увезувале платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

- Advertisement -

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

(МИА)

- Advertisement -

(фото: Pixabay )

Сподели!
- Advertisement -