„Убер“ и „Волгринс“ со соработка за вакцинацијата против ковид-19

- Advertisement -

На 9 февруари Убер и Волгринс решија да направат партнерство поврзано со транспорт и достава на вакцини против ковид-19, пишува магазинот Форбс.

“Ова партнерство е со цел сите заедници да имаат еднаков пристап кон вакцините. На овој начин на пациентите ќе им биде овозможен бесплатен превоз до клиниките каде се извршуваат вакцинирањата како и олеснување на организацијата на овој процес. Транспортот не треба да биде бариера кон здравствената грижа“, велат од Убер.

- Advertisement -

Волгринс инаку е еден од најголемите ланци на фармацевтски продавници во Америка со преку 9000 продавници. Од Волгринс за оваа соработка велат дека ќе им помогне на оние кои најтешко ги погодила оваа пандемија. Убер е иновативна компанија за транспорт и достава.

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -