Светската здравствена организација ги повика производителите на вакцини драстично да го зголемат производството затоа што американскиот претседател Џо Бајден предупреди на економска криза поради пандемијата на корона вирусот.
Шефот на СЗО, Адхан Грејбрејсус, им кажа на репортерите дека додека бројот на примени вакцини против КОВИД-19 (115 милиони) е поголем од бројот на инфекции во светот (104 милиони), сепак повеќе од 3/4 од вакцините се примени во само 10 богати земји.
Речиси 130 земји или околу 2,5 милијарди луѓе допрва ќе почнат со вакцинирање со првата доза од вакцините. Ако не се бориме со вирусот насекаде, ќе се се вратиме на почеток, велат од СЗО и ги повикаа производителите на вакцини за мaсовно зголемување на производството.
САД, најголемата економија во светот, е најтешко погодена од пандемијата. Од речиси 2,3 милиони луѓе во светот кои умреа од КОВИД-19 од појавата на вирусот во Кина во декември 2019 година, САД имаше рекордни 450.000 починати. Европа сепак е најпогодениот регион со 760.000 починати.
(The Daily Star)
(фото: Pixabay.com)