Љубовно сокаче- акција на мали локални бизниси во Скопје

- Advertisement -

Времето во кое живееме го смени нашето секојдневие и ни наметна големи грижи за нашето и здравјето на нашите најблиски. Факт е дека оваа нова реалност има голем ефект и врз малите локални бизниси кои сеуште се трудат да ги пребродат последиците и да се прилагодат на новите правила.

Токму ваков пример се и здружените локални бизниси кои се наоѓаат во уличката кај грчка амбасада во Скопје кои на креативен начин пробуваат да ги привлечат своите потенцијални купувачи преку заеднички попусти за празникот на виното и љубовта, Св Валентин и Св.Трифун.

- Advertisement -

Кога ќе го погледнете нивниот креиран настан на социјалната мрежа Facebook https://fb.me/e/1Y8mKcZRWможе да приметите дека станува збор за мали бизниси во кои е вложено многу време, креативност и љубов со цел да се понудат квалитетни и уникатни производи и услуги.

Во оваа група се 5 бизниси секој со своја специјалност.

- Advertisement -

Во прилог ви ги проследуваме се со цел и ние да го дадеме нашиот придонес кон оваа акција.

Занаетчиството од Македонија, собрано во мала топла просторија во која можете да се загубите со часови. Големината на малите нешта не била подостапна од сега: во Еснаф (https://www.facebook.com/esnafeu се преплетени традиционалното со постмодерното. Артистичкиот дух помешан со старата еснафска македонска школа за единствено место во Скопје. 

- Advertisement -

Choco Like (https://www.facebook.com/Choco-Like-109493263869019) е слатка симпатична house of artisan chocolates каде вкусот на квалитетното белгиско чоколадо е претопен во воодушевувачки форми кои долго ќе се двоумите дали да ги прегризате, но еднаш стопени во уста, ќе сакате само да продолжите.

Првиот макробиотски и вегански ресторан во Македонија, Ресторан Хармонија (https://www.facebook.com/HarmonijaRestoran) преку своите специјалитети ќе ви го овозможи спојот на здравата храна со гастрономскиот вкус и за најпрефинетите гурмани. 

Луна (https://www.facebook.com/lunaplussize) е шик бутик  кој им овозможува на дамите со облини да се чувствуваат удобно во својата облека но и да изгледаат шизички со трендовска и штосна конфекција. 

Фризерите за кучиња TUTU (https://www.facebook.com/groomingskopje) нудат единствен концепт на разубавување на салонски кучиња до 10кг во соработка со сопственикот и употреба на органска козметика произведена во Париз.

Сподели!
- Advertisement -