Откако се вакцинираа повеќе од 4 милиони граѓани, Израел ги укинува главните ограничувања против Ковид-19

- Advertisement -

Израел започна да ги укинува главните ограничувања наметнати како дел од третиот национален карантин кој беше воспоставен кон крајот на декември, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, овозможувајќи продолжување на комерцијалните активности и отворање на училиштата.

Од денеска во Израел се отворени продавниците, трговските центри, музеите и библиотеките. Сепак, само оние кои се вакцинирале или оздравиле од коронавирусот ќе можат да одат во сали за вежбање, на спортски и културни настани, хотели и базени, објавија тамошните медиуми.

- Advertisement -

Покрај тоа, училиштата се отвораат за учениците од петто, шестто, 11-то и 12-то одделение на местата каде што стапката на инфекција е ниска или средна.

Учениците од седмо до десетто одделение ќе продолжат со учење на далечина, а градинките и училиштата за учениците од прво до четврто одделение се веќе отворени во местата кои се означени со зелена или жолта боја, во зависност од стапката на инфекција.

- Advertisement -

Израелскиот лидер Бенџамин Нетанјаху се надева дека вкупно 95% од населението постаро од 50 години ќе биде вакцинирано во рок од две недели.

Повеќе од 4.2 милиони Израелци ја примија првата доза од вакцините против Ковид-19 и повеќе од 2.8 милиони ги примија двете дози, во земјата со 9.3 милиони жители.

- Advertisement -

И покрај тоа што Израел е првата земја во светот според бројот на вакцинирани во однос на бројот на жители, вирусот се уште рапипдно се шири меѓу невакцинираните.

Извор – Радио МОФ

Фото – blogs.timesofisrael.com

Сподели!
- Advertisement -