Турбина на ветар создава енергија од ветарот кој го создаваат возилата при возењето

- Advertisement -

Студент од Истанбул создаде револуционерна иновација која создава енеррија на страната на автоатиштата. Турбината на ветар Enlil е мал цилиндричен уред кој се позиционира покрај или помеѓу сообраќајните ленти и генерира енергија од ветрот што го создаваат возилата кога поминуваат. Турбината може да функционира во тесни простори, а за дополнително генерирање енергија има и соларен панел на врвот.

Турбината ја создаде Керем Девечи, кој студира на Техничкиот нуниверзитет во Истанбул. Оваа турибна моментално се тестира во градот. Не само што генерира енергија од ветар и сончева топлина и светлина, турбината ја мери температурата и влажноста на воздухот, а има и wifi за да го поврзете телефонот.

- Advertisement -

Модуларниот дизајн овозможува лесно склопување и расклопување. Се очекува дека 300 вакви турбини ќе можат да обезбедат доволбо енергија за 20.000 домови. Бидејќи се поставува на бетонски прегради помеѓу сообраќајните ленти турбината искористува инаку неупотеблив простор. Ако се постави покрај лентите, ќе ја собира енергијата од двата правци и ќе помогне да се компензира карбонскиот отпечаток на автомобилите.

(Earth Titan)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -