Досега во земјава се вакцинирани над 1.000 здравствени работници

- Advertisement -

Досега 1.040 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Кај само мал број од нив се забележани реакции после вакцинацијата од типот на болки на местото каде што е примена вакцината и благо зголемена телесна температура, велат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека сите вакцини се безбедни и се развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата vakcinacija.mk, пак, аплицирале 63.075 граѓани кои се заинтересирани за вакцинација.

- Advertisement -

Имунизацијата на здравствените работници се врши во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје со вкупно 4.680 кои земјава ги доби како донација од Србија, а планирани се да се добијат вкупно 8.000 дози вакцини од производителот Pfizer.

До крајот на неделава се очекува да пристигнат и 200.000 дози вакцини од кинески Sinopharm. Се очекува да се порачаат уште 100.000 руски вакцини Sputnik V. Во текот на неделава треба да ги добиеме и првите информациите за вакцините кои треба да пристигнат од Европската Унија преку механизмот COVAX, како и директно од Pfizer.

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -