Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

- Advertisement -

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува растот на бројот на корисниците на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ областа. Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година.

Позитивни трендови во интернет и ТВ сегментите

- Advertisement -

Во 2020 година продолжува да расте интернет и ТВ сегментот. Базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто и изнесува вкупно 213,8 илјади корисници, со што приходите се зголемени за 2,7 отсто.

Македонски Телеком останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ сегментот, со удел од 33,8%. Во 2020 година, Македoнски Телеком ја зацврсна својата водечка позиција со зголемување на ТВ корисниците за 4,5 отсто, со што базата на корисници порасна до 142,5 илјади.

- Advertisement -

Исклучително висок раст во областа на ИКТ услугите

И оваа година продолжува да расте користењето на ИКТ и Cloud решенија и услуги, што доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за дури 63,3 отсто во споредба со минатата година. Овој континуиран позитивен тренд е резултат назабрзаната дигитализација која постави нови услови за водење на бизнисот. Квалитетот на ИКТ услугите и решенијата и сигурноста на податоците што ги нуди Македонски Телеком го позиционираат како партнер за дигитализација на бизнисите.

- Advertisement -

Инвестиции во мрежата во услови на забрзана дигитализација

Изминатава година континуирано се инвестираше во зајакнување на капацитетот на мрежата, за да се задоволат зголемените дигитални потреби на приватните и бизнис корисници. Со инвестиции во оптичката мрежа се зголеми бројот на домаќинства покриени со оптички пристап. На крајот од 2020 година Македонски Телеком овозможи пристап до оптика на 39,2% домаќинства во земјата, односно повеќе од 221 илјада домаќинства можат да ги користат придобивките на оптичката мрежа што е за 12,8% повеќе споредено со минатата година. Македонски Телеком останува посветен на беспрекорно одржување на капацитетот на мрежата и интернет пристапот, за да обезбеди непречена комуникација и поврзување на сите корисници.

Сподели!
- Advertisement -