Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, во овој квартал имало 7.916 слободни работни места од кои најмногу се во преработувачката индустрија 2.210 и трговијата 1.283 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места од 4,13 отсто има секторот рударство и вадење камен, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89 отсто.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,37 отсто.
Според занимања, најголем број слободни работни места, 2.044, има во услужните дејности и продажба.
(МИА)
(фото: Pxhere)