Народната банка ја намали основната каматна стапка

- Advertisement -

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка вчера на седница одлучи основната каматната стапка да се намали за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,25 отсто. Последното намалување на 1,5 отсто беше направено во мај минатата година, а во текот на 2020 година каматата беше намалена три пати – во јануари од 2,25 отсто на два отсто, во март на 1,75 проценти и во мај на 1,5 отсто. Банките велат дека како и секогаш ќе ги следат сигналите на  во согласност со своите деловни политики.

„Членките на Македонската банкарска асоцијација, како и секогаш досега, ќе ги следат сигналите на централната банка  во согласност со своите деловни политики“, велат за МИА од МБА.

- Advertisement -

Оттаму додаваат дека согласно известувањето од Народната банка за движењето на каматните стапки на банките и штедилниците, просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јануари 2021 година, на годишна основа, е намалена за 0,31 процентни поени.

Од Народната банка наведоа дека одлуката за понатамошно монетарно олабавување се носи во услови на стабилни движења на девизниот пазар и умерена динамика на инфлацијата, а додека сѐ уште постои неизвесност за здравствената криза и влијанието врз патеката на закрепнување на економијата.

- Advertisement -

Во прилог на одлуката е и понагласениот приспособлив карактер на ЕЦБ заради одржување на поволните финансиски услови во подолг период.

Според Народната банка, натамошното олабавување на монетарната политика е заради дополнително олеснување на финансиските услови и натамошна поддршка на домашната економија, имајќи го предвид тековниот развој на пандемијата, којашто сѐ уште трае. Истовремено, на седницата е оценето дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

- Advertisement -

Од Народната банка оценуваат дека понатамошното олабавување на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките и натамошна кредитна поддршка на приватниот сектор, заради ублажување на ефектите од пандемијата врз домашната економија.

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -